Оризот се врати во Велешко

Bez autora
Apr 16 2012

Хидросистемот "Лисиче" го врати оризот на полињата во Велешко. Долгогодишниот проблем со недостиг на вода е решен. Акумулацијата има доволни количества вода за жителите на Велес и за наводнување на плодните ниви по течението на реката Тополка. Земјоделците од селата Лисиче, Мелница, Голозинци, Еловец и Чашка започнаа со сеидба на оризот. Присуството на водата, која е неопходна за оризот, како и субвенциите, придонесоа површините годинава значително да се зголемат. Ако минатата година беа посеани педесетина, годинава под оваа култура ќе бидат посеани повеќе од 130 хектари. Почнав со сеидба на оризот. Вода, која ни беше најголем проблем, има доволно. Лани имав еден хектар и најдов 7,5 тони квалитетен ориз. Го продадов и заработив добри пари. Зедов и субвенции. Годинава површините ги зголемувам на два хектара. Има доста трошоци, но сепак, мислам дека оризот е доходовна, ако не и најдоходовна култура во моментов.

Оризот се врати во ВелешкоХидросистемот "Лисиче" го врати оризот на полињата во Велешко.

Долгогодишниот проблем со недостиг на вода е решен. Акумулацијата има доволни количества вода за жителите на Велес и за наводнување на плодните ниви по течението на реката Тополка.

Земјоделците од селата Лисиче, Мелница, Голозинци, Еловец и Чашка започнаа со сеидба на оризот. Присуството на водата, која е неопходна за оризот, како и субвенциите, придонесоа површините годинава значително да се зголемат. Ако минатата година беа посеани педесетина, годинава под оваа култура ќе бидат посеани повеќе од 130 хектари.

- Почнав со сеидба на оризот. Вода, која ни беше најголем проблем, има доволно. Лани имав еден хектар и најдов 7,5 тони квалитетен ориз. Го продадов и заработив добри пари. Зедов и субвенции. Годинава површините ги зголемувам на два хектара. Има доста трошоци, но сепак, мислам дека оризот е доходовна, ако не и најдоходовна култура во моментов - вели Тодор Николовски од селото Еловец.

Поголем број од земјоделците на нивите на кои одгледуваа други култури сега го сеат оризот. Велат дека овој регион е мошне погоден за одгледување на оваа култура. Од хектар се собираат од шест до осум тони оризова арпа. И покрај тоа што откупната цена е ниска и изнесува 25 денари за килограм арпа, со богатиот род и со субвенциите, може добро да се заработи.

- Останав без работа. Бев работник во Порцеланка. За да обезбедам егзистенција за моето семејство се вратив на татковото огниште. Ќе посеам ориз и ќе засадам тутун. Знам, нема да се збогатам, но барем ќе обезбедам пари за еден скромен живот. Водата, која со години беше проблем, сега ја има - вели Ангелко Трајковски од селото Лисиче.

Површините под ориз годинава значително ќе се зголемат и во другите населени места по течението на реката Тополка чие корито, со изградбата на браната на ХС "Лисиче", е полно со вода. Земјоделците велат дека сеидбата ќе ја завршат до крајот на овој месец.

Водата од хидросистемот многу придонесе во овој регион покрај оризот, да се зголемат и површините под лозови и овошни насади, потоа под тутун и градинарски култури. Што е најважно, ни рекоа земјоделците, водата го врати животот во селата кои беа пред умирање. Многумина, кои пред повеќе години заминаа, сега, за да си обезбедат егзистениција, повторно се вратија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik